Дома Фудбал Лига на шампиони Во Борусија разочарани: Ни кажаа дека не е пенал ако прво ја удриш топката со глава

Во Борусија разочарани: Ни кажаа дека не е пенал ако прво ја удриш топката со глава

Борусија Дортмунд вчера беше елиминирана од Лигата на шампионите откако беше поразена и во вториот натпревар против Манчестер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ситуација која би ја сместиле во категоријата 50/50. Раката на Емре Џан навистина не мораше да биде така испружена, но од друга страна топката го погоди прво во глава. Судијата Карлос дел Серо сепак покажа пенал. Ријад Марез ја реализираше најстрогата казна и така Сити до изедначување, додека Борусија го изгуби резултатот кој ја водеше во полуфиналето.

„Ме нервира што пласманот во наредната рунда го испуштивме поради два такви гола. Пред почетокот на сезона јасни ни кажаа: Ако топката ја удриш прво со глава па со рака, тогаш тоа не е кршење на правилата. Не сме среќни од судиските одлуки во изминатите седум дена“, изјави тренерот на Борусија Звездан Терзиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Меси изговори неколку тешки зборови во својата кариера и целиот свет занеме!

Лионел Меси во недела повторно ќе излезе на теренот на стадионот „МетЛајф“ во Ист Ратерфор…