Дома Останати Тенис Во „Би-Би-Си“ се испокарале меѓу себе после интервјуто на Ѓоковиќ

Во „Би-Би-Си“ се испокарале меѓу себе после интервјуто на Ѓоковиќ

Голема бура предизвика интервјуто на најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ кој зборуваше за британски „Би-би-си“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Тајмс“ откри дека луѓето од врвот на медиумската куќа се испокарале поради интервјуто. Дел од раководството се побунило поради тоа што Србинот добил голем простор за промоција на неговите ставови против вакцината.

Ѓоковиќ во разговор со медиумот кажа дека не планира да се вакцинира и ќе ја жртвува дури и кариерата и трофеите ако не може да настапи без вакцина.

„’Би-би-си’ го бранеше своето интервју со Ѓоковиќ по интерната расправа за која моќна ПР-агенција смислила ексклузивен пристап до тениската ѕвезда. Високо позиционирани луѓе во медиумот беа лути поради интервјуто на Раџан, зашто сметаат дека му се дава голема важност на Србинот“, пишува „Тајмс“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Призна и Надал: Ѓоковиќ е најдобар во историјата (Видео)

Поранешниот шпански тенисер Рафаел Надал проговори за важноста на бројките кога станува зб…