Дома Македонски спорт Мак баскет Влезот за натпреварите во Купот на Македонија ќе биде слободен

Влезот за натпреварите во Купот на Македонија ќе биде слободен

Македонската кошаркарска федерација, ја информира јавноста дека влезот за сите натпревари од финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2023, ќе биде СЛОБОДЕН.

Мотив повеќе за сите искрени љубители во наредните денови да дојдат во салата на СРЦ „Кале“, каде ќе се играат натпреварите во двете конкуренции, вкупно десет преку кои ќе ги добиеме новите освојувачи на трофејот наменет за најдобрите две екипи во Купот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Возбудувањата стартуваат на 16.февруари (четврток), од 12 часот, кога се игра првиот четвртфинален натпревар, а ќе кулминираат на 18.февруари (сабота), кога на програмата се двете финални средби, од 16.30 часот во женска, и од 19.30 часот во машка конкуренција.  

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонија со пораз од Естонија го почна настапот во Европската златна лига

Македонските одбојкари со 3-1 во сетови беа поразени од Естонија во првиот меч од Европска…