Дома Топ вести Влаховиќ на лето се сели во Премиер лигата

Влаховиќ на лето се сели во Премиер лигата

Душан Влаховиќ сериозно размислува да го напушти Јувентус на крајот на сезоната, пренесуваат италијанските медиуми.

Српскиот напаѓач не се снаоѓа баш најдобро во Јувентус, наводно играта на тимот воопшто не му одговара и е спремен да ја промени средината.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Тактичка хармонија помеѓу Влаховиќ и Алегри не постои. Поради ова, но и поради проблемите кои ги има Јувентус надвор од теренот можна е разделба на лето“, пишуваат медиумите.

Јувентус исто така е спремен да слушне понуди бидејќи е во финансиски проблеми после големиот скандал и неизвесноста поради евентуалната казна.

Најсилен интерес за него покажуваат клубовите од Премиер лигата, пред се Манчестер Јунајтед и Челзи, кои нема да жалат пари за да го доведат во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…