Дома Фудбал Италија Вклучен алармот во Неапол: Се повредил Кварцхелија

Вклучен алармот во Неапол: Се повредил Кварцхелија

Наполи игра фантастичен фудбал во изминатиот период и изгледа како еден од најсилните тимови во Европа, а „моторот“ на тимот е фантастичниот Грузиец Квича Кварцхелија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сега пристигнуваат лоши вести за одличниот фудбалер. Имено, Наполи потврди дека Кварцхелија заработил повреда на грбот и поради тоа ќе го пропушти дербито со Аталанта.

Во прашање е повреда на грбот и според првичните информации не се очекува долга пауза.

Грузиецот стана вистински миленик на фановите на тимот од Неапол и во досегашните 12 натпревари во Серија А постигна шест гола и запиша седум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФИФА реагираше заради политичките пораки на Аргентинците, фудбалскиот свет во шок од одлуката

Синоќа во Атланта се одигра фантастично полуфинале на Светското првенство помеѓу Аргентина…