Дома Фудбал Лига на шампиони Вистински пекол ги чека Ливерпул и Интер: Во Лигата на шампионите може да добиеме СПЕКТАКУЛАРНА група!

Вистински пекол ги чека Ливерпул и Интер: Во Лигата на шампионите може да добиеме СПЕКТАКУЛАРНА група!

champions league

Новата фудбалска сезона во Англија наскоро почнува, клубовите своите припреми ги приведуваат кон крајот, останува уште малку време за доведување некое засилување и сезоната може да започне.

Фудбалерите на Ливерпул судејќи според се во Лигата на шампионите ги очекува вистински пекол. Актуелниот вицешампион на Англија би можел да заврши во „групата на смртта“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Многу веројатно е дека клубот од „Енфилд“ ќе биде во третиот шешир, а тоа пред се ќе зависи од Бенфика, па доколку Португалците се пласираат во групната фаза, Ливерпул ќе биде во тешка позиција пред ждрепката.

Како што сега стојат работите во првиот шешир ќе се најдат: Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Јувентус, ПСЖ, Манчестер Сити и Локомотив Москва. Вториот шешир го сочинуваат: Борусија Дортмунд, Порто, Манчестер Јунајтед, Атлетико Шахтјор, Наполи, Тотенхем и Рома. Сигурно место во третиот шешир имаат: Шалке, Лион, Монако и ЦСКА Москва. Во последниот четврти шешир засега сигурни се Интер и Хофенхајм.

Со оглед на тоа дека и Интер е во четвртиот шешир, би можеле да добиеме навистина спектакуларна група.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…