Дома Фудбал Лига на шампиони Винисиус погоди, Де Брујне го ископира, реми во Мадрид🎥

Винисиус погоди, Де Брујне го ископира, реми во Мадрид🎥

Манчестер Сити подобро го отвори натпреварот, го имаше поседот и го контролираше натпреварот, но не создаде посериозна шанса.

После првичното одмерување на силите и големата борба на средината на теренот, Реал дојде до водство во 36-та минута со голот на Винисиус.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Модриќ одлично го проигра Камавинга, овој го најде Винисиус, кој со одличен шут од дваесетина метри го матира Едерсон и со тој резултат се замина на одмор.

Во второто полувреме „граѓаните“ влегоа поодлучно и првата шанса ја имаа преку Де Брујне, но одлично одбрани Куртоа.

Реал не успеваше да се ослободи од пресингот и да изрежира добра акција, а во 67-та минута Де Брујне од скоро идентична позиција со проектил го совлада Куртоа за 1:1.

До крајот Реал се обидуваше да дојде до предност, шанси имаа Бензема со глава и Чуамени, но Едерсон запиша одлични одбрани.

Патникот во финалето ќе биде решен на реваншот за седум дена на „Етихад“ каде двомечот започнува од „нула“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…