Џек Вилшер неодамна се пофали дека ја добил новата верзија на ФИФА.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англискиот репрезентативец и фудбалер на Арсенал е еден од многубројните фанови на оваа видео игра. Вилшер со новата игра се пофали на социјалните мрежи, но следуваше коментар каков што веројатно ниту тој самиот не очекуваше.
„Немој да се повредиш отварајќи ја кутијата“, искоментира човекот по име Мет.
Секако, анонимниот фан алудираше на проблемите на Вилшер со повредите.