Дома Фудбал Останато Вилијан го напушти Челзи и премина во Арсенал за да ја освои ЛШ, а сега нема да игра ниту Конференциска лига

Вилијан го напушти Челзи и премина во Арсенал за да ја освои ЛШ, а сега нема да игра ниту Конференциска лига

Бразилскиот фудбалер Вилијан минатата година од Челзи премина во Арсенал и изјави дека со клубот од „Емирати“ сака да ја освои Лигата на шампионите. Една година подоцна, Челзи го освои натпреварување, а Арсенал не обезбеди настап за наредната сезона ниту во Конференциската лига.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Зборував со Артета и тој ми го претстави проектот. Прво сака да се пласираме во ЛШ, а потоа и да ја освоиме. Тоа сакав да го слушнам. Во Челзи бев седум години и освоив се освен Лигата на шампионите. Се надевам дека овој трансфер ќе ми го донесе трофејот кој го немам освоено“, изјави тогаш Вилијан.

Вилијан за Арсенал сезонава одигра 37 натпревари, постигна еден гол и подели пет асистенции. Клубот не освои ниту еден трофеј и не се пласираше во европските натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид мерка тинејџер кој утре можеби ќе ја испише историјата на стартот на Мундијалот!

Утре започнува Светското првенство, кое ќе го отворат домаќинот Мексико и Јужна Африка. Зо…