Eкипата на Џирона по три кола без победа вечерва славеше против Рајо Ваљекано со што ја задржа втората позиција на табелата каде што привремено беше Барселона.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Џирона победи со 3:0, но два од трите гола беа постигнати во судиското продолжение. Циганков го отвори резултатот во 52. минута, додека Савио двапати го матираше Столе Димитриевски во 91. и 96. минута.
Рајо од друга страна и со новиот тренер не успеа да дојде до победа и вечерва го одиграа шестиот натпревар без триумф. Последен пат го победија Гетафе со 2:0 на 2. јануари.
Во денешниот натпревар играа и со играч помалку од 76. минута кога Чаварио го заработи два жолти картони во една минута.