Дома Фудбал Видео: Јунајтед се разбуди, Сити се прости од титулата

Видео: Јунајтед се разбуди, Сити се прости од титулата

Манчестер Јунајтед го шокираше градскиот ривал на „Етихад“ и дефинитивно го исфрли од трката за титулата во Премиер лигата.

„Граѓаните“ не ја оправдаа фаворитската улога, а Јунајтед покажа дека дефинитивно ја врати добрата форма.

Рашфорд во 22-та минута беше фаулиран во казнетиот простор, а судијата со помош на ВАР досуди пенал. Рашфорд беше прецизен и го донесе Јунајтед во предност од 1:0.

Додека „граѓаните“ беа во шок гостите можеа до врв да ја наполнат нивната мрежа. Рашфорд промаши чиста шанса во 25-та минута, а само минута подоцна ја погоди пречката.

Марсијал во 29-та минута погоди за 2:0 и висока предност на „црвените ѓаволи“ на полувремето.

Во вториот дел „граѓаните“ имаа иницијатива, создаваа шанси, но не можеа да го совладаат одличниот Де Геа. Надежта ја врати Отаменди, кој погоди за 1:2 во 85-та минута, но Сити немаше сили да дојде ни до бод на крајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ниту играч повеќе не го спаси Палас: Саж останува под притисок

Кристал Палас испушти водство против Бешикташ и ремизираше 2-2 во Истанбул. Пјер Саж гледа…