Клубот од Кнежеството предводен од препородениот Радамел Фалкао запиша три победи на првите три средби бо француското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Монако во натпреварот против Мец запиша минимална, но доволна победа за да се искачи на лидерската позиција во првата француска лига.
Одлучувачки фактор во натпреварот повторно беше Радамел Фалкао кој ја затресе мрежата на гостите во 78 минута од средбата.
За Колумбиецот кој игра како препороден на стартот од сезоната ова е веќе петти погодок на три натпревари со што покажа дека игра во одлична форма. Додека од друга страна пак Мец ја продолжи серијата на порази и сеуште нема освоено бод во новата сезона.