Дома Останати Кошарка НБА Видео: Торонто ја израмни серијата против Милвоки

Видео: Торонто ја израмни серијата против Милвоки

Кошаркарите на Торонто го добија четвртиот натпревар од финалето на Истокот во НБА-лигата против Милвоки со 120:102 и изедначија на 2-2 во серијата.

Милвоки беше конкурентен само пред крајот на првата четвртина кога имаше водство, а потоа следеше серија на домашниот од 13-0, со која се одлепи на 41-31 и цело време ја држеше двоцифрената предност.

Кајл Лаури го предводеше својот тим со 25 поени, Каваи Ленард имаше нешто послаб натпревар со 19 поени, но првата ѕвезда на минатиот дуел одигра цели 52 минути во двојното продолжение.

Јанис Адетокумпо имаше 25 поени и 10 скока за Бакс, додека Крис Мидлтон реализираше 30 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Бомба од НБА: Една грешка го откри новиот клуб на Леброн!

Откако Леброн Џејмс (41) ги извести Лејкерс дека ќе го напушти клубот, едно од главните пр…