Дома Фудбал Видео: Тензии во Мадрид – Бензема доби „бомба“ во глава, Ернандез го раскрвари Рамос

Видео: Тензии во Мадрид – Бензема доби „бомба“ во глава, Ернандез го раскрвари Рамос

Како и секогаш дербито помеѓу градските ривали Атлетико и Реал е исполнето со тензии, така и овој пат.

Се играше 20 минута од средбата кога дојде до турканица и негодување на публиката. Годин го фаулираше Карим Бензема кој падна на тревникот, топката се одби до Кореа, а Аргентинецот шутираше директно во главата на Бензема. Дали беше намерно или не проценете сами, но Кореа сигурно заслужи жолт картон, но сепак помина без таков вид на опомена.

Втората контроверзна ситуација се случи во финишот од полувремето после центаршутот на Марсео, Касемиро упати повратна во петерецот и токму кога Рамос беше подготвен да ја удри топката со глава доби удар директно во лицете од Лукас Ернандез. Главниот судија на натпреварот повторно не се огласи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе сака да побегне од славата: „Кажете ми место каде никој нема да ме препознае!“

Килијан Мбапе откри дека и покрај обидите да остане незабележан, речиси невозможно му е да…