Дома Фудбал ВИДЕО Роналдо како во најдобрите денови: Постигна хет-трик за едно полувреме

ВИДЕО Роналдо како во најдобрите денови: Постигна хет-трик за едно полувреме

Кристијaно Роналдо синоќа одигра уште еден одличен натпревар во дресот на Ал Наср и постигна хет-трик во само едно полувреме против Абха.

Роналдо го постигна првиот гол по само 11 минути игра, а веќе десет минути подоцна зголеми на 2:0. Следуваше гол на Садио Мане за потоа Португалецот да го комплетира хет-трикот. Петтиот гол во првиот дел беше дело на Ал Сулаихем. Првиот и вториот гол Роналдо ги постигна од слободен удар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во второто полувреме кога работата веќе беше завршена Роналдо доби одмор и остана на клупата.

Со овие три гола Роналдо дојде до бројката од 29 во првенството на Саудиска Арабија, а има и уште десет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо најплатен спортист, заработува двојно повеќе од Меси

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најплатени спортисти на која доминира Кристиано Рон…