Дома Фудбал Видео: Ранетата Барса постигна нов рекорд во Примера!

Видео: Ранетата Барса постигна нов рекорд во Примера!

Тимот на Барселона направи нов голем чекор кон титулата во Примера, откако попладнево ја победи Валенсија на „Камп Ноу“ со 2:1.

„Лилјаците“ од Валенсија испуштија неколку одлични шанси и не успеаа да освојат бод против „ранетата“ Барселона, која пред неколку дена беше елиминирана од Лигата на шампиони.

Каталонците преку Луис Суарез во 15-та и Умтити во 51-та минута стигнаа до сигурна предност од 2:0, а Даниел Парехо само го ублажи поразот на гостите во 87-та минута.

Ова за Барса беше 39-от последователен меч во првенството без пораз, со што постави апсолутен рекорд во шпанскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бугарија по две кола во Лигата на Нации остана без селектор

Фудбалската репрезентација на Бугарија ќе мора да бара нов селектор откако Александар Дими…