Фудбалерите на англискиот второлигаш Мидлсброу го победија лондонски Челзи со 1:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Карабао купот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На натпреварот одигран на стадионот Риверсајд, единствениот гол го постигна Хејден Хекини во 37. минута по одличната акција на домашните.
Иако гостинскиот тим беше надмоќен по сите статистички показатели, не успеаја да постигнат гол што ќе им олесни на избраниците на Маурисио Покетино во реваншот кој ќе се игра на 23 јануари (21 часот) на „Стемфорд Бриџ“.
Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Ливерпул и Фулам, а првиот меч се игра денеска (10 јануари) со почеток од 21 часот.