Дома Фудбал Англија ВИДЕО: Ливерпул со „покер“ го испрати Кардиф и се искачи на врвот на Премиер лигата

ВИДЕО: Ливерпул со „покер“ го испрати Кардиф и се искачи на врвот на Премиер лигата

liverpool

Помеѓу натпреварите од 16:00 часот денес се сретнаа и екипите на Ливерпул и Кардиф во кој „црвените“ ја оправдаа фаворитската улога.

Ливерпул, рано уште во 10-тата минута преку Мохамед Салах стигна до предност од 1:0. И после погодокот Ливерпул продолжи да доминира, но и покрај одличната игра во првото полувреме не видовме погодок.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


После десетина минути игра во вториот дел, Садио Мане постигнува гол за 2:0 и тука веќе можеше да се најави победата на избраниците на Клоп.

Сепак, во 77-тата минута Кардиф намалува 1:2 преку Петерсон, а после погодок создадоа и прилики за изедначување, но не ги искористија.

Казната стигна во 84-тата кога нововлезениот Џердан Шаќири го реши прашањето на победникот со голот за 3:1.

Конечните 4:1 ги постави Мане со својот втор гол на натпреварот три минути подоцна.

Со оваа победа Ливерпул ќе се избие на врвот на Премиер лигата каде што ќе остане најмалку до понеделник кога Манчестер Сити ќе има тешко гостување кај Тотенхем.




Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нов обложувачки скандал: Пакета обвинет дека намерно добивал картони

Фудбалската асоцијација на Англија го обвини играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Па…