Дома Фудбал Англија ВИДЕО: Знаете ли кој испраќа смешни видео клипови помеѓу играчите на Ливерпул?

ВИДЕО: Знаете ли кој испраќа смешни видео клипови помеѓу играчите на Ливерпул?

mane

Ваков одговор веројатно не очекувавте.

Тимот на Ливерпул е во мала криза. Дефинитивно никој не очекуваше дека тимот на Клоп може да биде поразен од Црвена Звезда во Лигата на шампионите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега во Премиер лигата ги очекува натпреварот против Фулам и во оваа средба се очекува „црвените“ да им се вратат на победите.

Садио Мане, крилниот напаѓач на Ливерпул одговараше на одредени прашања за клупскиот сајт. Во главно тоа беа прашања кои најмногу ги интересираа навивачите.

Најголемо внимание веројатно привлече одговорот на прашањето – кој е задолжен за шегите во тимот испраќањето смешни видео клипови?

Одговорот на Мане гласеше – Џејмс Милнер.

Ова е навистина изненадувачки одговор со оглед на тоа дека Милнер на теренот изгледа навистина сериозно, кој би рекол дека тој е човекот задолжен за расположување на соиграчите?

Познат е и профилот на Твитер кои го направија навивачите под име „Boring James Milner“ (досадниот Џејмс Милнер), па овој одговор и тоа како е чуден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Заедно со Клоп, Ливерпул го напуштаат уште осум играчи?

Јирген Клоп ќе го води Ливерпул до крајот на сезоната, а потоа ќе го напушти клубот во кој…