Екипата на Монако денес со 4:1 ја го совлада тимот на Дижон во натпреварот од второто коло од француската Лига 1.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клубот од Кнежеството ја покажа својата сила во денешниот натпревар против Дижон, а посебно во овој натпревар блескаше Радамел Фалкао кој постигна хет-трик. Монако веќе во второта минута од натпреварот поведе со 0:1, а стрелец беше токму Фалкао.
На дваесетина минути пред крајот на првиот дел гостите ја зголемија предноста, а во листата на стрелци овој пат се запиша Џемерсон. Во 37 минута веќе беше 0:3, а повторно погоди Фалкао.
Дижон во самиот финиш успеа да намали на 1:3 со голот на Саид, но тоа беше се што домаќините направија во овој натпревар. Конечните 1:4 ги постави Фалкао со својот трет гол на натпрварот.
Radamel Falcao Hat-trick Goal HD – Dijon 1 – 4… przez xBotOne