Дома Македонски спорт Мак ракомет Видео: Европските шампиони на прием кај премиерот Заев!

Видео: Европските шампиони на прием кај премиерот Заев!

Ракометарите на Вардар денес свечено беа примени од претседателот на Владата, Зоран Заев кој им додели свечена плакета на ракометните шампиони, носители на еден од најголемите спортски успеси во историјата на Македонија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Успехот кој вие го постигнавте е најголемата промоција која Македонија може да ја има во светот. Ова ваше дело е само мотив повеќе за новата Влада за засилено темпо инвестиции во спортот. Сето ова води кон насока и за нова законска регулатива за комплетно подобрување на ситуацијата во македонскиот спорт“, истакна премиерот Заев.

Од името на Владата, Заев на ракометарите им врачи свечена плакета, а сопственикот на РК Вардар Сергеј Самсоненко, на премиерот му даде еден од шампионските златни медали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …