Дома Фудбал Англија (Видео) Евертон немоќен, Мората и Фабрегас погодуваа за победа на Челзи

(Видео) Евертон немоќен, Мората и Фабрегас погодуваа за победа на Челзи

Со почеток од 14:30 денес во Премиер лигата својот натпревар го одиграа Челзи и Евертон, а славеше тимот на Антонио Конте со резултат 2:0.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Сините“ беа апсолутно подобар противник во текот на целиот натпревар, за тоа колку Челзи беше доминантен говори и податокот што „карамелите“ во текот на целиот натпревар не успеаа да упатат ниту ден шут во рамките од голот на Тибо Куртоа.

Домаќините започнаа офанзивно од самиот од старт, а таквата игра резултираше со погодок во 27 минута од натпреварот кога Фабрегас успеа да ја смести топката во мрежата на Пикфорфд.

Избраниците на Антонио Конте со исто темпо продолжија и после постигнувањето на погодокот, а зголемување на предноста успеа да донесе Алваро Мората кој погоди после одличниот центаршут на Азпиликуета.

Вториот дел донесе слична игра, Евертон и понатаму беше без идеја како да стигне до голот на Куртоа, па Челзи успеа да слави и да запише нови три бода.

Во ист термин се одигра и натпреварот помеѓу ВБА и Стоук кој заврши со реми 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сака е херојот, Арсенал по 20 години ќе игра финале во Лигата на шампионите! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал конечно по две децении обезбедија место во финалето на Лигата на ша…