Дома Фудбал Италија (Видео) Донадони: Ние никогаш не би добиле таков пенал, Интер заслужи да биде поразен!

(Видео) Донадони: Ние никогаш не би добиле таков пенал, Интер заслужи да биде поразен!

Екипата на Интер ги испушти првите бодови во новата сезона, тимот на Лучијано Спалети одигра 1:1 на гостувањето против Болоња.

Од една страна во редовите на Интер можат да бидат и задоволни со ремито, бидејќи „нероаѕурите“, имаа негатива од 1:0 се до 77 минута кога од пенал погоди Мауро Икарди.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Токму, пеналот од кој Интер дојде до изедначување беше предмет на коментирање утрово во Италија, а тренерот на домаќините даде интересна изјава.

„Бевме подобри од Интер. Пеналот? Искрено се надевам, но не верувам дека ние можеме да добиеме таков пенал против Јувентус, Наполи, Рома или Милан. Не може несреќна ситуација да предизвика пенал! Мбаје изгуби рамнотежа. Дали би досудиле ваков пенал во наша корист? Не знам, не сум сигурен“, изјави Роберто Донадони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи го избрал наследникот на Покетино?

Oд редовите на Челзи испратиле богата понуда до Антонио Конте со цел да го преземе тимот и…