Дома Фудбал Репрезентации ВИДЕО: Голманот погреши, па Ријад Марез испрати „бомба“ и погоди

ВИДЕО: Голманот погреши, па Ријад Марез испрати „бомба“ и погоди

Репрезентацијата на Алжир славеше против Того со резултат 4:1 во квалификациите за Афричкиот Куп на Нации, а натпреварот беше обележан со погодокот на Ријад Марез.

Играчот на Манчестер Сити постигна два погодоци во победата на својата репрезентација, а на првиот не се чекаше многу.

Само после два ипол минути игра голманот на Того направи катастрофална грешка, за Марез тоа да го искористи на најдобар начин и од огромна далечина да испрати бомба кон голот на домаќинот.

Доколку топката не завршеше во мрежата, Алжир веројатно би добил пенал бидејќи еден од фудбалерите на Того во својот шеснаесетник играше со рака во голмански стил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Откриено какво предавство доживеа Ковачиќ во Манчестер Сити последниот ден од трансфер периодот

Ковачиќ конечно влезе подготвен во новата сезона откако имаше големи проблеми со повреди п…