Дома Останати Кошарка Видео: Глупост каква што не е видена во НБА, Леброн не можеше да си поверува

Видео: Глупост каква што не е видена во НБА, Леброн не можеше да си поверува

Главна тема после првиот финален натпревар во НБА не е драматичната победа на Вориорси против Кливленд, после продолжение, ниту пак спектакуларните 51 поен на Леброн Џејмс…

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Американските портали, друштвени мрежи експлодираа по невидената глупост на Џеј Ар Смит во завршницата од регуларниот дел.

Џорџ Хил имаше две слободни фрлања со кои можеше да донесе победа на Кливленд. Откако го погоди првото слободно фрлања, промаши во вториот обид. Но, топката дојде до неговиот соиграч Џеј Ар Смит.

Се очекуваше на четири секунди до крајот да тргне кон кошот и да се обиде да постигне поени за победа. Место тоа, Смит тргна назад кон својот кош, во нелогичен обид да украде време.

Леброн не можеше да си поверува што прави неговиот соиграч, па му довикуваше да тргне напред, но веќе беше предоцна…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Хаос пред „Медисон сквер Гарден“: Бесна толпа нападна навивачи на Сан Антонио (Видео)

Вистинска драма се случи по третата НБА-финална средба во која Сан Антонио направи брекј и…