Дома Фудбал (Видео) Барса играше по „ноти“. Меси „диригираше“, Еибар испратен со ШЕСТКА!

(Видео) Барса играше по „ноти“. Меси „диригираше“, Еибар испратен со ШЕСТКА!

Барселона вечерва одигра уште еден фантастичен натпревар, Каталонците предводени од Лионел Меси со убедливи 6:1 го совладаа Еибар.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Каталонскиот гигант рано во 10 минута дојде до предност и тоа од пенал, а сигурен реализатор беше кој друг ако не Лионел Меси.  За нешто помалку од двесетина минути новото засилување Бразилецот Паулињо кој беше критикуван при неговото пристигнување го постигнува вториот гол во сезоната и полека им ги „затвара“ устите на критичарите.

Серијата погодоци во вториот дел ја отвори Денис Суарез во 53 минута од средбата, а само четири минути подоцна, Еибар го постигна голот на утеха и тоа преку Енрих.

Во следните неколку минути бевме сведоци на ново „Меси шоу“, Аргентинецот со погодоците во 59 и 62 минута стигнува до нов хет-трик. Но тоа како да не му беше доволно на фантастичниот Аргентинец, па во 87 минута стигнува до нов погодок, четврти на овој натпревар, девети во сезоната.






Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Очајнички потег на Бенфика да го привлече Мурињо за Лисабон пред Реал Мадрид

Управата на Бенфика е решена да го задржи својот главен тренер Жозе Мурињо, додека расте и…