Дома Фудбал Англија ВИДЕО: Алиоски човек на одлука во натпреварот со кој Лидс се врати на врвот

ВИДЕО: Алиоски човек на одлука во натпреварот со кој Лидс се врати на врвот

Тимот на Лидс вчера славеше победа од 2:1 во натпреварот против Свонси со што се врати на првата позиција во Чемпионшип.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Огромна улога во оваа победа на Лидс одигра македонскиот фудбалер Езгјан Алиоски кој не постигна погодок, но затоа беше двоен асистент.

Избраниците на Марсело Биелса не беа баш во најдобра форма, а овие три бида би требало да влијаат на нивната самодоверба пред финишот од сезоната.

Во 20-тата минута Алиоски испрати удар од далечина, топката стигна до Јансон кој погоди за водство. Петнаесетина минути подоцна Харисон постигна погодок со глава за 2:0 после одличното нафрлување на Алиоски.

Лидс се враќа на врвот поради поразот на Норвич на гости кај Престон од 3:1. После 32 одиграни кола Лидс е лидер со 61 бода, Норвич има 60, Шефилд Јунајтед 58.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сака е херојот, Арсенал по 20 години ќе игра финале во Лигата на шампионите! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал конечно по две децении обезбедија место во финалето на Лигата на ша…