Дома Фудбал Останато Видал: Во Милан се будали, од Њукасл ми се гади, Сити беше досаден

Видал: Во Милан се будали, од Њукасл ми се гади, Сити беше досаден

Mилан и Њукасл во вторникот ги поделија бодовите на отворањето на Лигата на шампионите одигрувајќи натпревар без голови.

Италијанската екипа имаше 25 удари кон противничкиот гол и од нив дури девет во рамките од голот, но не успеа да постигне гол, па затоа се најде на мета критики од Артуро Видал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Видал во минатото ги бранеше боите на Јувентус и Интер во Италија, а сега настапува за Атлетико Параненсе.

„Го гледав најлошиот натпревар во историјата на Лигата на шампионите, оној помеѓу Милан и Њукасл. Тие будали од Милан ми нанесоа бол. Имаат среќа што знаат да трчаат, друго ништо не можат. Од Њукасл ми се гади, не ги сфаќам. Беа четврти во Премиер лигата и сега ризикуваа со ваков натпревар. Навистина се налутив.

„Порто и Шахтјор одиграа одличен натпревар, Сити беше како и секогаш досаден. Ми се допадна и второто полувреме од натпреварот помеѓу ПСЖ и Борусија, во првото заспав“, изјави Видал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Бразил домаќин на Мундијалот за жени во 2027 година

На 74. Конгрес на Светската фудбалска организација, ФИФА беше донесена одлука Светското пр…