Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик ова лето најверојатно ќе ја промени средината, а може да ја продолжи кариерата во големиот ривал Јувентус, пренесува „Тутоспорт“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Милик ова лето влегува во послесната година од договорот, па Наполи ќе мора да го продаде, а Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација.
Тренерот на „бјанконерите“ Маурицио Сари одлично го познава Милик и смета дека одлично би се вклопил во триото со Роналдо и Дибала во нападот.
Оваа сезона Милик одигра 16 меча за Наполи на кои постигна 9 гола во Серија А, а Наполи за неговиот потпис бара помеѓу 30 и 40 милиони евра.
Покрај Јувентус силен интерес за напаѓачот покажуваат уште Атлетико Мадрид и Милан.