Дома Фудбал Англија Вејн Руни беше фантастичен како играч, но како тренер е – ужасно лош!

Вејн Руни беше фантастичен како играч, но како тренер е – ужасно лош!

Легендарниот Вејн Руни зад себе има фантастична кариера како фудбалер, но во тренерската баш и не му оди.

Бројките и податоците говорат дека Руни е далеку од тренер кој би бил идеален за некој посериозен и поголем клуб. Водејќи го Дерби Каунти просечно бележеше еден бод по натпревар, а седеше на клупата на 84 средби.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Слично беше и во американскиот Ди-Си Јунајтед каде што си замина по 53 натпревари. Неговиот трет ангажман е и најлош.

Вчера во Чемпионшип на клупата на Бирмингем Руни доживеа пораз од 1:3 од екипата на Стоук и со тоа неговиот тим падна на 19-тата позиција. За Руни ова беше осми пораз во 13 натпревари на клупата на овој поранешен премиерлигаш, а дојде со цел да се бори да го врати во Премиер лигата.

Во периодот на клупата освои само девет од можните 39 поени и како што стојат работите наскоро го чека и тука отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

И донесе финале на Борусија во ЛШ, но тоа може да не биде доволно да остане?!

Един Терзиќ направи голем успех со пласманот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на…