Дома Македонски спорт Вечерва во „Јане Сандански“ ги започнуваме квалификациите за СП во футсал

Вечерва во „Јане Сандански“ ги започнуваме квалификациите за СП во футсал

Денес со почеток од 20:00 часот футсал репрезентацијата на Македонија ќе ги започне квалификациите за пласман на СП 2020 година.

Прв противник ни е Словенија вечерва во 20:00 часот во „СЦ Јане Сандански“. Покрај Словенија во нашата група се уште Косово и Украина. Како фаворит за првото место во нашата група е Украина, додека наша цел е вторатап озиција која обезбедува место во главната квалфикациска фаза за пласман на футсал Мундијалот наредната година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Влезници за турнирот кој е во организација на Фудбалската федерација на Македонија може да се купи од пред билетарата до малата сала во СЦ „Јане Сандански“. Цената изнесува 100 денари.

Капитенот Зоран Левески најави добра игра и побара неговите соиграчи да бидат трпеливи.

„Свесни сме каков натпревар не очекува вечерва против Словенија. Овие неколку денови од подготовките работевме напорно и ќе се обидеме силно да се спротивставиме на Словенија и покрај проблемите со повреди на одредени наши играчи со кои се соочуваме. Треба од почеток да бидеме трпеливи и да ја чекаме нашата прилика, но и доволно агресивни, посебно во одбрана. Верувам дека имаме шанса против Словенија, од нас може да очекувате труд и големо залагање. Атмосферата во репрезентацијата е на високо ниво, одлично се познаваме во тимот, заедно сме неколку години и се надевам дека со правилен пристап ќе одиграме добар натпревар“, изјави Левески

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Уште еден подвиг на Сашко Кедев: Стана првиот Македонец кој го искачил петтиот највисок врв во светот!

Maкедонскиот кардиолог и алпинист Сашко Кедев успеа да направи уште еден подвиг и утрото н…