Дома Фудбал Италија Вечерва во Рим играат Рома и Реал, а главна ѕвезда ќе биде Франческо Тоти

Вечерва во Рим играат Рома и Реал, а главна ѕвезда ќе биде Франческо Тоти

toti

Незаборавните сцени од „Олимпико“ од пред точно една година ипол, вечерва би можеле да се повторат.

Ќе потсетиме, на 28 мај 2017 година после натпреварот Рома – Џенова во последното коло од Серија А, плачеше целиот римски стадион, но и целиот фудбалски свет.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На тој ден крај на големата кариера долга 28 години стави легендарниот Франческо Тоти.

Тоти одигра 570 натпревари и постигна 307 погодоци за единствениот клуб за кој настапуваше, во солзи се прости од теренот и официјално замина таму каде што беше од поодамна, во легендите.

Уште е една потврда за големината на Тоти ни пристигнува во 21:00 часот кога во рамките од Лигата на шампионите Рома ќе го пречека Реал Мадрид. Меѓутоа дербито е во „втор план“, а во центарот на вниманието ќе биде Тоти.

Имено, пред натпреварот ќе се одржи церемонија на која Тоти ќе стане нов член во Куќата на славните Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Постигнат договор: Лопетеги добива нова шанса во Премиер лигата

Веќе е познато дека Дејвид Мојс ќе ги напушти „Чеканите“ на крајот од оваа сезона, а долго…