Дома Трансфер зона ВЕСТА НА ДЕНОТ: Хари Кејн ја донесе одлуката во кој клуб ќе ја продолжи кариерата

ВЕСТА НА ДЕНОТ: Хари Кејн ја донесе одлуката во кој клуб ќе ја продолжи кариерата

Хари Кејн ги воодушеви сите во Тотенхем, инсистирајќи на тоа дека е играч кој сака да биде „за еден клуб“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Многу се пишува за неговиот потенцијален трансфер во Реал Мадрид, кој со сите сили се обидува да го доведе. Откако Тотенхем повтори дека тој не е на продажба, сега се огласи и ѕвездата на англискиот фудбал.

„Би сакал целата своја кариера да ја поминам во еден клуб. Тоа зависи и како клубот ќе функционира во иднина, кој ќе биде тренер итн., но реков дека сакам да останам тука, бидејќи моменталната ситуација е совршена“, изјави Кејн.

Кејн и оваа сезона продолжи со фантастичните натпревари и веќе на своето конто има 11 гола во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…