Досегашниот дефанзивец на француска Ница од денес и официјално е нов член на Вест Хем.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во редовите на Вест Хем, Тодибо пристигнува како позајмен фудбалер, но „чеканите“ ќе имаат обврска да го откупат неговиот договор за 40 милиони евра.
Тодибо е и поранешен фудбалер на Барселона каде што пристигна како 20-годишник од Тулуз, но во Каталонија не успеа да ги исполни очекувањата. Беше испраќан на позајмици во Шалке и Бенфика, а вистински потег направи со доаѓањето во Ница во 2021 година.
Летово преговараше и со Јувентус, но на крајот Вест Хем побрзо реагираше и го доведе во Лондон.