Првата ѕвезда на Аргентина, Лионел Меси тренираше со тимот пред пријателскиот натпревар против Шпанија во Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Меси го пропушти пријателскиот натпревар против Италија (2:0) во петокот во Манчестер, како и вчерашниот тренинг, но денес беше со екипата во тренинг центарот на Реал Мадрид.
Натпреварот помеѓу Аргентина и Шпанија се игра во вторник во Мадрид на стадионот на Атлетико.
Оваа средба ќе ја пропушти Анхел Ди Марија, кој се пожали на проблеми со бутниот мускул, а познато е дека нема настапи ниту Серхио Агуеро кој се опоравува од повредата на левото колено.