Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Вертонген: Не сакам да им честитам на Италијанците, лежеа по теренот

Вертонген: Не сакам да им честитам на Италијанците, лежеа по теренот

Капитенот на Белгија, Јан Вертонген е разочаран од елиминацијата на неговата селекција во четвртфиналето против Италија.

Вертонген не сакаше да им честита на Италијанците затоа што како што вели „лежеле“ по теренот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Разочарани сме. Сигурно дека овој пораз боли многу, пропуштивме шанса да ја освоиме титулата, исто како и на претходните големи турнири. Многу лесно примивме голови и пропуштивме добри прилики. На Италија нема да и честитам, ме налути нивното лежење по теренот и „крадење“ време. Не сакам ова да биде сфатено како изговор, затоа што ние сме виновни што не ги искористивме нашите шанси“, изјави Вертонген.

Во полуфиналето Италија ќе се сретне со Шпанија на „Вембли“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…