Марко Верати одигра уште една одлична сезона во ПСЖ, но медиумите тврдат дека на лето сака да се врати во Италија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Плејмејкерот на 20 години се пресели во Париз и тоа од Серија Б и никогаш нема играно во Серија А, па смета дека сега е време да се врати во својата татковина.
29-годишниот Верати го известил својот агент дека сака да се врати во Италија, а Милан и Јувентус се клубови кои покажуваат голем интерес за него.
Верати има договор со ПСЖ до 2024 година и „светците“ се спремни да го пуштат за сума од 50 милиони евра.
Проблем за италијанските клубови може да претставува високата плата, Верати во Париз заработува 9 милиони евра по сезона.