Дома Топ вести Верати сака да го напушти ПСЖ – има две понуди!

Верати сака да го напушти ПСЖ – има две понуди!

Плејмејкерот на ПСЖ и италијански репрезентативец, Марко Верати би можел ова лето да го напушти Париз и тоа по негово барање.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


ПСЖ не сака да се раздели со еден од најдобрите свои фудбалери, но медиумите пренесуваат дека Верати инистира на заминување и прави притисок врз раководството да го пушти.

Италијанецот во моментов на маса има две понуди – од Баерн Минхен и Барселона, но ПСЖ експресно ја одби правта понуда од Баварците од 55 милиони евра.

Верати има договор со „светците“ до 2021 година и тие доколку се согласат да го продадат сигурно ќе бараат многу поголема сума за неговата слобода.

Играчот чека некој од овие два клуба да испрати нова понуда до ПСЖ, а медиумите тврдат дека таа треба да биде барем 70 милиони евра за францускиот клуб да се согласи на трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…