Дома Трансфер зона Венгер бил на чекор до третото ГОЛЕМО засилување, но…

Венгер бил на чекор до третото ГОЛЕМО засилување, но…

Арсенал значително се засили во зимскиот преоден рок и ги донесе Хенрих Михтаријан и Обамејанг, но Венгер сакал и едно засилување во одбраната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Скај Спорт“ открива дека лондонскиот тим во последниот ден од преодниот рок испратил понуда за дефанзивецот на Рома, Костас Манолас.

Меѓутоа, раководството на „волчицата“ експресно ја одбило понудата, најмногу поради фактот што немале време да најдат замена за грчкиот репрезентативец.

Сепак, се очекува „топџиите“ на лето да тргнат по 26-годишниот дефанзивец кој е мета на многу европски гиганти.

Откако не успеале да го донесат Манолас, „топџиите“ во последен момент испратиле понуда до ВБА за Џони Еванс, но и тој обид бил неуспешен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…