Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардарки се старо-нови шампионки во Регионалната Лига

Вардарки се старо-нови шампионки во Регионалната Лига

Вардарки со пораз ја завршија регионалната лига, што е нивни прв во ова натпреварување. На последниот турнир кој се игра во Подгорица, екипата на Крим успеа да не совлада.

Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 34:29 во корист на екипата на Крим Меркатор. Противникот имаше предност во најголем дел од мечот и на крајот заслужено победи. На полувреме исто така имаа водство од 18:16. Во текот на вчерашниот ден бевме подобри од екипата на Будуќност (26:27). На крајот беа доделеми медалите и трофејот за шампионот, а тоа е екипата на Вардар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На вкупно пет турнири во регионалната лига остваривме осум победи, еден нерешен резултат и еден пораз и на крајот завршивме на првото место, со што го одбранивме трофејот во ова натреварување. Пред вардарки претстои најголемиот предизвик, а тоа е завршниот турнир во Лигата на Шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…