Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар го претстави бразилското засилување!

Вардар го претстави бразилското засилување!

Бразилскиот репрезентативец Леонардо Дутра Фереира (26) најмалку до крајот на сезонава ќе биде член на Вардар, откако македонскиот шампион потпиша договор со бекот да игра во „црвено-црниот“ дрес.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој е првото засилување за пролетниот дел и доаѓа од екипата на Ла Риоха од Шпанија.

Договорот со Дутра е со важност до крајот на сезонава, и можност за продолжување за најмалку уште една. Дутра игра на позицијата лев и среден бек и треба да биде засилување за нападот на Вардар.

Станува збор за одличен индивидуалец кој е особено силен во играта „еден на еден“ и зад себе има и интернационална кариера во Висла Плоцк во Полска, и уште три сезони во Куенка од Шпанија.

Дутра е на списокот на селекторот на Бразил за СП во Полска и Шведска, и во Скопје треба да се приклучи по завршување на Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…