Дома Трансфер зона Ванда се огласи за потенцијалниот трансфер на Икарди во Монако

Ванда се огласи за потенцијалниот трансфер на Икарди во Монако

Утрово во Италија беше објацено дека Интер се договорил со Монако за трансфер на Мауро Икарди.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


 Новинарот на „РаиСпорт“ Чиро Венерато објави информација во која тврдеше дека после вчерашниот состанок кој го имал Марота со претставници на Монако, постигнале договор со клубот од Кнежеството за трансфер на аргентинскиот напаѓач.

Марота разговарал со генералниот менаџер на Монако, Олег Петров, а висината на трансферот ќе изнесува 60 милиони евра, плус пет милиони евра можни бонуси.

Сепак, Ванда која е сопруга на Икарди и која го застапува, тврди дека Аргентинецот нема да се пресели во Франција.

„Не оди во Монако“, кратко и јасно одговори Ванда на прашањето на од новинарот „TyC Sports“.

Интер повеќе би сакал да го продаде Икарди надвор од Италија, меѓутоа Икарди со своите потези покажува дека е решен да го чека Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…