Дома Фудбал Останато Ван Дер Сар: Сите на тренинг доаѓаа со Ферари и Версаче, Зидан се појави со Фиат и Левис маичка

Ван Дер Сар: Сите на тренинг доаѓаа со Ферари и Версаче, Зидан се појави со Фиат и Левис маичка

Легендарниот голман Едвин Ван Дер Сар на клупски план освои скоро се што можеше да се освои, а најголемите успеси ги доживеа како голман на Ајакс и Манчестер Јунајтед.

Ван Дер Сар две години помина и во Јувентус, меѓутоа си замина кога клубот од Торино го доведе Џанлуиџи Буфон за тогаш рекорден трансфер. Во Јувентус Холанѓанецот не освои некој поголем трофеј, но и покрај тоа има позитивни сеќавања од Торино. Еден од соиграчите во Јувентус му беше Зинедин Зидан за кого има пофални зборови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Зидан е човек кој малку зборува. Тогаш зборуваше и се обраќаше на француски и италијански. Начинот на кој ја водеше топката беше нешто посебно. Имаше посебно однесување. На тренинг сите доаѓаа со Ферари, а тој дојде со Фиат, обични фармерки, бела Левис маичка и „Адидас“ патики. Се разликуваше од другите кои се појавува Ферари, Долче Габана и Версаче паричња“, раскажа Ван Дер Сар.

Денес Ван Дер Сар е во раководството на Ајакс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо најплатен спортист, заработува двојно повеќе од Меси

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најплатени спортисти на која доминира Кристиано Рон…