Дома Фудбал Англија Ван де Бек одлучи остане во Манчестер Јунајтед

Ван де Бек одлучи остане во Манчестер Јунајтед

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек не сака да го напушти клубот во овој трансфер прозорец, пренесуваат медиумите на Островот.

Холанѓанецот минатото лето пристигна на „Олд Трафорд“, но не успеа да го покаже својот потенцијал во првата сезона и често ја грееше клупата за резерви.

Иако силно се шпекулираше дека ќе го напушти клубот ова лето, сепак Ван де Бек одлучи да остане и да се бори за место во тимот.

24-годишниот Холанѓанец има понуди од неколку европски клубови, но решил да ги одбие бидејќи неговата желба е да остане на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аталанта го прекина низот порази со победа над Венеција

Аталанта ја прекина низата од три порази со победа од 3-1 против Венеција, благодарение на…