Дома Трансфер зона Ван Де Бек вчера го најави трансферот на кариерата: Сакам се да се реши што побрзо

Ван Де Бек вчера го најави трансферот на кариерата: Сакам се да се реши што побрзо

Дони Ван Де Бек продолжува да игра одлично во Ајакс и му се насмевнува трансферот на кариерата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ван Де Бек вчера постигна гол во победата на Ајакс од 5:0,а во првото голо исто така постигна гол на гостувањето кај Витесе.

Играчот на врска на Ајакс и еден од најважните фудбалери на шампионот на Холандија, судејќи според се ги минува последните денови во Амстердам.

Познато е дека Реал Мадрид преговара со Ајакс за доведување на овој талентиран репрезентативец на Холандија кој има 22 години и изгледа дека се чека само крајот на преговорите и зелено светло од Ајакс за негов трансфер во редовите на најтрофејниот клуб во светот.

„Се уште се преогвара. Би сакал работите што побрзо да се решат. Кога сум на теренот и играм тогаш не размислувам за можниот трансфер“, изјави Ван Де Бек после вчерашниот натпревар.

Инаку, вчера се појави вест дека Реал го договорил Ван Де Бек за да пристигне за шест месеци или наредното лето, меѓутоа оваа изјава на фудбалерот најавува нешто друго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…