Дома Фудбал Англија Ван Дајк: Натпреварот со Манчестер Јунајтед не може да биде најголем во сезоната

Ван Дајк: Натпреварот со Манчестер Јунајтед не може да биде најголем во сезоната

Вирџил Ван Дајк инсистира на тоа дека натпреварите против Манчестер Јунајтед не се најважни во сезоната за Ливерпул, тој ги цени оние од Лигата на шампионите и оние кои се пресудни за титулата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Водечкиот тим од Премиер лигата има осум победи во новата сезона и по деветтата ќе оди во недела на „Олд Трафорд“. Натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул се смета за најголем на Островот, но за Ван Дајк не е така.

„Ова дерби е одлично, но е уште поголемо за навивачите. Мислам дека сите натпревари во Лигата на шампионите се подеднакво важно. Атмосферата пред натпреварот е поголема, меѓутоа мислам дека не е најголем натпревар во сезоната. Големи натпревари се оние во Лигата на шампионите и оние кои ни помагаат да ја освоиме Премиер лигата“, изјави Ван Дајк.

Натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул се игра во недела од 17:30 часот. Како што споменавме Ливерпул е лидер, додека Јунајтед се наоѓа на 12-тата позиција на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан Ристовски ќе игра за нов клуб

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски и официјално се раздели со чешкиот прволигаш …