Дома Фудбал Англија Ван Дајк има порака: Ако сакате да напредувате играјте фудбал на улица

Ван Дајк има порака: Ако сакате да напредувате играјте фудбал на улица

Вирџил Ван Дајк имаше фантастична сезона во дресот на Ливерпул со кој го освои второто место во Премиер лигата и стигна до трофејот во Лигата на шампионите.

Освен тимскиот успех Ван Дајк може да се пофали и дека беше избран за најдобар играч во Премиер лигата. Уште поневеројатен е податокот дека ниту еден играч во вкупно 64 натпревари колку што одигра Ван Дајк не успеа да го издрибла.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Ретко кој стопер може да се пофали со вакво нешто, а па во фудбалскиот свет се отвори расправа која е причината поради која Ван Дајк толку добро ги чита противниците. Сега на оваа тема зборуваше самиот Ван Дајк и откри дека голем придонес има играњето фудбал на улица.

„Кога игравме на улица имав многу дуели „еден на еден“ и тоа многу ми помогна. Додека бев помлад сакав да играм и понапред. Кога играте понапред тогаш знаете и како може да размислува еден напаѓач во таква ситуација. Тоа искуство многу ми значи и ми помогна да стигнам на нивото на кое сум денес. Јас можам да испратам една порака – ако сакате да напредувате како дефанзивец или напаѓач треба да продолжите да играте фудбал со своите пријатели на улица“, изјави Ван Дајк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…