Дома Фудбал Ван Дајк голот на Салах го прослави со играч на Интер

Ван Дајк голот на Салах го прослави со играч на Интер

Вирџил Ван Дајк голот на Мохамед Салах за 2:0 против Интер во осминафиналето го прослави со играч на италијанскиот тим.

Стоперот на Ливерпул е капитен на репрезентацијата на Холандија каде што игра заедно со Дензел Думфрис. Вчера беа на спротивни страни, но Ван Дајк како да го заборави тоа.

Кога Салах постигна гол за 2:0 дефанзивецот на „црвените“ го прегрна Думфрис кој остана збунет и сето тоа го проследи со гримаса преку која сакаше да каже: Дали си нормален!?

Моментот не траеше долго, но секако камерите го забележаа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити со перфектен биланс во дербито: Шо и Хемп бркаат „стотки“ против Јунајтед

Манчестерското дерби носи дуел на разиграни ривали, но и можност за два јубилеја: Шо е пре…