Дома Фудбал Останато Ван Гал се враќа од пензија за да биде селектор на Холандија!?

Ван Гал се враќа од пензија за да биде селектор на Холандија!?

van gal

Oд Холандија пристигнуваат изненадувачки информации – Луис Ван Гал би можел да се врати од пензија и да го наследи Франк Де Бур!

Звучи неверојатно, но и не толку нереално затоа што Холанѓаните не сакаат репрезентацијата да м ја води странец. Проблем им е што веќе долго време немаат некој адекватен кандидат, ако се исклучи Ерик Тен Хаг кој нема намера да го напушти Ајакс.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се споменуваше Џован Ван Бронхорс кој се прослави со титулата со Фејенорд, Роналд Куман ја затвори вратата за заминување од Барселона, а Франк Де Бур не беше достоен.

Ван Гал на СП 2014 година ја предводеше Холандија до полуфиналето каде што Аргентина беше подобра после пенали, потоа „лалињата“ го победијата домаќинот во мечот за трето место 3:0.

Тоа беше последниот голем резултат на Холандија која и не успеа да се пласира на Мундијалот во 2018 во Русија, а сега потфрли со елиминацијата од Чешка во осминафиналето.

Ќе потсетиме Ван Гал после Холандија го водеше Манчестер Јунајтед од 2014 до 2016 година и во 2017 реши да се пензионира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…