Најпријатното изненадување во Примера оваа сезона, Валенсија постигна договор со ПСЖ за трансфер на младиот португалски талент, Гонзало Гуареш, потврди „Екип“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според францускиот весник „лилјаците“ ќе му платата на ПСЖ 35 милиони евра, што е сигурно мала сума за 21-годишниот Португалец кој со своите настапи го привлече вниманието на најголемите европски гиганти.
Во моментов Гуедеш игра како позајмен фудбалер во Валенсија и оваа сезона има 3 гола во 11 настапи во Примера. Португалецот ќе продолжи да игра на „Местаља“ со статус на позајмен до јуни 2018 година, а потоа ќе премине во целосна сопственост на шпанскиот клуб.
Оваа зделка му одговара и на ПСЖ бидејќи треба да ги „израмни сметките“ соодветно Финансискиот фер-плеј.